Десет бензинци кои трошат најмалку гориво – некои и под 4 литри!

ОБЈАВЕНО НА:

Дизел верзиите на автомобилите и понатаму се поштедливи во споредба со бензинците, но еколошката компонента ги става во втор план. Продажбата на дизел возилата драматично опаѓа па затоа не зачудува што речисите сите производители покрај развојот на електрични автомобили, повеќето технички ресурси ги префрлија на бензинците.

Модерните бензинци се еколошки значително поприфатливи од дизел автомобилите, а другата турбо-револуција им даде огромна порција на сила и толку важниот вртежен момент, а конструкцијата на малкулитражните мотори со трицилиндри обезбеди и ниска потрошувачка.

Англискиот магазин„What Car“ направи листа на десетте најекономични бензинци на основа на нивните искуства со тестовите. Листата е интересна иако некои модели во меѓувреме се повлечени од пазарот.

Некои од моделите се особено популарни и на нашиот македонски пазар.

10.Dacia Sandero 0.9 TCe (90 коњски сили) – Потрошувачка 4,45 литри на 100 км


9.Seat Leon 1.0 TSI (95 коњски сили) – Потрошувачка 4,45 литри на 100 км


8.Kia Picanto 1.0 MPI (67 коњски сили) – Потрошувачка 4,41 литри на 100 км


7.Volkswagen Up 1.0 TSI (90 коњски сили) – Потрошувачка 4,38 литри на 100 км


6.Seat Ibiza 1.0 TSI (95 коњски сили) – Потрошувачка 4,35 литри на 100 км


5.Suzuki Baleno 1.0 Boosterjet (111 коњски сили) – Потрошувачка 4,26 литри на 100 км


4.S
koda Citigo 1.0 MPI (75 коњски сили) – Потрошувачка 4,26 литри на 100 км


3.Volkswagen Up 1.0 MPI (75 коњски сили) – Потрошувачка 4,21 литри на 100 км


2.Suzuki Celerio 1.0 (68 коњски сили) – Потрошувачка 4,07 литри на 100 км


1.Suzuki Ignis 1.2 SHVS (90 коњски сили) – Потрошувачка 3,95 литри на 100 км

Следете не и на:

24AUTO NETWORK