Дали вињетките носат повеќе пари: Бугарите за два месеци инкасирале 35 милиони евра – Македонија толку за девет месеци

ОБЈАВЕНО НА:

Во 2021 година од приходи од наплата на патарини во Македонија се инкасирани над 46,4 милиони евра, а годинава се очекуваат приходите да бидат над 50 милиони евра. За споредба, само во јануари и февруари 2022 година нашиот сосед Бугарија инкасираше речиси 35 милиони евра. И повторно се поставува прашање, дали е поисплатливо да се има вињетка или да се плаќа патарина?

Над 25 проценти од вкупно собраните средства од патарини во Македонија, лани се остварени преку електронската наплата на Коридор 10. Годинава треба да се стави во функција и на наплатните станици Преод и Кадрифаково на автопатот Скопје-Штип, како и електронски систем на наплата на постојните патарини на Коридор 8. Со тоа треба да има зголемување на приходите.

Приходите што се собираат од вињетки секогаш е неколкукратно повеќе во однос на она што може да се собере со патарини. Споредбено со Македонија, лани Бугарите собрале над 250 милиони евра. Во исто време расходите за одржување на Националната управа з апатаирини била околу 84 милиони евра. Разликата е огромна.

Во соседството, само во Бугарија има вињетки за користење на патиштата, додека во другите земји постои наплата на патарини. Затоа пак во некои земји, особено оние што се повеќе транзитни наплаќаат вињетки, како што е тоа Словенија, Австрија, Унгарија, Словачка…

Во Бугарија е објавено дека традиционално во првите месеци од годината најмногу се купуваат годишните вињетки. Од нив се купени 661.939, потоа следуваат неделните – 215.768, па за викенди, месечни и квартални.

Во Европа, во различни земји постојат различни начини на плаќање з акористење на патиштата. Некаде возењето е слободно, некаде треба да купите вињетка, некаде се плаќа патарина, а некаде мостарина. Во некои земји покрај вињетки, треба да платите и за користење на тунелите низ кои возите..

Погледнете ја целата листа за сите земји во Европа.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK