Daimler прифати да плати казна од 30 милиони долари

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител Daimler се сложи да плати казна од 30 милиони американски долари на Националното тело за безбедност во сообраќајот на САД (NHTSA).

Оваа казна следи откако Daimler задоцни со повлекувањето на спорните камиони, кои пак мораа да се повлечат бидејќи NHTSA во април 2018 година даде налог за истото.

Daimler Trucks, како што е правилното име на американската дивизија на Daimler за производство на камиони, откако плати 10 милиони долари, се сложи да потроши дополнителни 5 милиони и на проекти за безбедноста, како и дополнителни 15 милиони долари по разни основи.

Според налогот на NHTSA, Daimler треба да повлече околу 464 илјади камиони, а за потсетување, во декември 2019 година, Mercedes-Benz плати 20 милиони долари казна по иста основа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK