Daimler казнет со 870 милиони евра – нема да се жалат

ОБЈАВЕНО НА:

Германското обвинителство изрече казна во висина од 870 милиони евра на Daimler. Причината за оваа казна се однесува на сертификување на дизел автомобили чија емисија не е во склад со барањата на регулаторните органи.

По оваа одлука Daimler излезе со соопштение во кое се вели дека во најдобар интерес на самата компанија е да се заврши целата оваа постапка што значи дека нема да поднесат жалба на одлуката.

Во соопштението стои и појаснување дека казната се однесува на автомобили произведени пред 10-тина години кои отстапувале од тогаш важечките регулативи.

Во обвинителствата во Германија во моментов се наоѓаат 20-тина предмети против автомобилските произведители од оваа земја, а веќе се изречени големи казни за Volkswagen Групацијата и Daimler.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK