Dacia подготвува нов Logan караван

ОБЈАВЕНО НА:

На новата генерација на лимузината Logan, ќе и се придружи попрактична верзија. Dacia минатата година претстави потполно нова генерација од семејството на моделот Sandero/Logan, но тогаш недостигаше караван верзијта.

Авто-папараците неодамна го снимија „камуфлираниот“ наследник на актуелниот Logan MCV во текот на тест-возењето во зимски услови.

Се очекува новиот Logan караван да биде не само замена за постоечкиот MCV модел, туку и за миниванот Lodgy. „Шпионските“ фотографии се случија во северна Шведска, каде што Dacia врши тестирање на новиот караван во снежни услови на ниски температури.

Производителот од Романија веројатно на клиентите ќе им ја понуди и поатрактивната верзија Stepway од новиот Logan караван, како што го направи тоа и со претходната генерација.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK