DACIA одбележува 15 години модерна историја во Европа (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Во 2004 година, Groupe Renault постави почеток на идниот пазарен успех на компанијата на брендот Dacia со претставувањето на оригиналниот концепт Х90 на моделот Logan, кој стана хит на компанијата.

Зачувувајќи го ветувањето, компанијата лансираше модел на пазарот со скромен, но стилски дизајн, просторен ентериер, погон тестиран во времето во портфолиото на Renault, и на исклучително привлечна цена. Logan, кој е меѓу основните мотори на Dacia и во моментов, може да се пофали со вкупна реализација на ниво од 1,8 милиони примероци.

Во 2008 година се случи проширувањето на моделното портфолио на Dacia, кое беше придобиено од Renault во 1999 година, со Sandero и Sandero Stepway, кои предложија дополнителен избор и разновидност на корисниците и допринесоа за реализација на ниво од 2,1 милиони единици.

Низ годините, Dacia продолжи да го шири своето семејство со лансирањето на нови модели и моделни верзии, а тука станува збор за Logan MCV (2007) и многуфункционалните Lodgy и Dokker (2012).

Вистинскиот бум во модерната историја на Dacia се случи во 2010 година кога брендот го претстави моделот Duster, кој е најпродаваниот автомобил на компаниајта. Досега се реализирани 1,6 милиони примероци од овој СУВ модел.

Следниот чкор во развојот на Dacia в Европа ќе биде направен следната година, кога на пазарот ќе биде лансиран првиот автомобил во историјата на брендот кој ќе биде целосно на електричен погон, а се работи за градскиот автомобил Spring, кој слично на Duster ветува да ги измени стандардите на сегментот.

Како целост, од 2004 година досега, продажбите на Dacia во Европа се на ниво од 6,4 милиони автомобили, а пазарниот дел од брендот за минатата година е на ниво од 3,8 проценти.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK