Dacia Duster најпродаван автомобил во Македонија во април, Toyota најпродаван бренд

ОБЈАВЕНО НА:

Dacia Duster е најпродаваниот нов автомобил во април во Македонија, покажуваат податоците објавени од CEAUTO, компанија која се занимава со анализа на автоиндустријата во Централна Европа. Во Македонија увозниците на нови автомобили „ги кријат податоците како змијата нозете“ и не ги споделуваат јавно бројките. Затоа и сите податоци што доаѓаат во моментов треба да се земаат со одредена резерва.

Во истражувањето на компанијата се наведува дека од почетокот на годината до крајот на април во Македонија се продадени 1.683 нови автомобил, а во април годинава 404 вклучувајќи ги и лесните комерцијални возила.

Од оваа бројка, во април најголем пазарен удел има моделот Duster на Dacia, од 5,7% што го прави трет најпродаван автомобил од почетокот во првите четири месеци. На листата најпродавани се наоѓаат и Skoda Kamiq и Toyota Aygo.

Од почетокот на годината па до крајот на април, меѓу најпродаваните автомобили во Македонија се наоѓаат четири модели на Toyota. Покрај Aygo, тука се RAV4 кој е најпродаван автомобил на јапонскиот бренд, а на листата има место и за Corolla и Yaris. Меѓу најпродаваните автомобили е и Skoda Fabia со раст од 22,2%.

Во април најпродаван бренд е Toyota со 54 примероци. Следи Skoda со 51 примерок, Citroen со 19 и Kia со 19 примероци. Најпродавани брендови во поглед на лесните комерцијални возила се Fiat, Dacia и Volkswagen.

Во Македонија единствени колку-толку точки податоци има Царината, но тоа се однесува на увезените возила, а тие што се увезени не значи и дека се продадени.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK