Corvette C8 со почетна цена под 60.000 долари

ОБЈАВЕНО НА:

Во јули годинава Chevrolet ја претстави осмата генерација од култниот модел Corvette која ќе се продава со наставката C8. Сега, по еден месец објавена е и почетната цена која е многу пониска од очекувањата.

Во соопштението на американскиот производител се наведува дека почетната цена на овој модел изнесува 58.900 американски долари, а дополнително, трошоците за транспорт изнесуваат 1.095 долари што се на се ќе изнесува 59.995 долари. Ова е далеку помалку од цената за коај се пишуваше изминатите месеци, според која новиот модел ќе чини нешто над 70 илјади долари.

Во понудата, од претходно, познато е дека ќе дојде со 6.2 литарски LT2 V8 мотор кој продуцира 497 КС, а тука е и помоќната верзија со 502 КС при 637 Nm обртни моменти.

Corvette е култен модел на Chevrolet кој за прв пат се појави во 1963 година под името Sting Ray. Од овој период па се до сега воведени се седум генерации од овој модел кој важи за еден од најпродаваните спортски автомобили во САД.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK