Citroen C5 Aircross SUV стигна до 50.000 продадени возила за само 6 месеци

ОБЈАВЕНО НА:

Моделот ја освои титулата SUV на годината во Македонија за 2019 од Националното Жири за Изборот на Автомобил на годината.

Шест месеци по промовирањето новиот Citroеn C5 Aircross SUV веќе има остварено над 50.000 продадени возила. Оваа изведба го прави трето најдобро продаваното патничко возило на брендот. SUV моделите претставуваат речиси една четвртина од вкупнaта продажба на Citroеn во светот во првата половина од годината (C3 Aircross + C5 Aircross).

Во Европа, новиот Citroеn C5 Aircross одигра голема улога во комерцијалниот момент на Citroеn, забележувајќи го најсилниот раст на Топ-12 брендовите во првата половина на годината.

Во Франција, каде што се произведува (Рен), новиот Citroеn C5 Aircross веќе се етаблира како втор најдобро продаван SUV во сегментот C во првата половина од годината.

Овој комерцијален успех, оттука, одигра голема улога во импулсот на Citroеn, со што е забележан најсилниот раст на 12-те најдобро продавани автомобилски брендови во Европа (во 30 земји) од почетокот на годината.

Новиот Citroеn C5 Aircross исто така го потврди својот квалитет преку фактот што секое второ продадено возило е со највисоко ниво на опременост (Shine).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK