Citroen C4 Cactus заминува во историјата

ОБЈАВЕНО НА:

Citroen C4 Cactus заминува во историјата. За Top Gear, Ксавиер Пежо потврди дека овој модел по само една генерација заминува во историјата. Cactus изведбата на Citroen преиерно беше претставена во 2014 година кога дебитираше на саемот во Женева. Истата година во Шпанија започна и производствотот, а минатата година беше претставена рестилизираната изведба.

По се изгледа слабата продажба придонесе да Citroen го повлече овој модел, а со самото тоа го отвори патот за враќање на стандардниот C4 модел.

Новиот модел се очекува да биде претставен следната година, но не подоцна од првиот квартал во 2021 година. Ќе дојде како конкурент на Ford Focus и Volkswagen Golf, но и на Renault Megane и Seat Leon. Истовремено PSA Групација ќе го нападне наведениот сегмент и со Peugeot 308 и Opel Astra.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK