Citroen C3 со сериозен проблем – морате да се јавите на сервис

ОБЈАВЕНО НА:

Проблемите со новите возила се речиси нормална појава и тие постојано се отстрануваат. Прашањето е колку тие проблеми што се откриени се сериозни и можат драматично да влијаат на безбедноста. Европската комисија на неделно ниво ги објавува сите проблеми и повикувањата на автомобилите на сервис што го прват производителите.

Проблемот што го има Citroen C3 е класифициран како „продукт со сериозен ризик“. Истиот се однесува на моделот C3 и C4 произведени во периодот од 12 јули 2018 до 22 јули 2029 година.

Нема информација колку возила ќе бидат засегнати од ова повикување. Пријавата е направена во Германија, а ризикот од тој проблем може да бидат повреди.

Во објаснувањето се вели декa „Баластот во задниот дел на возилото може да биде отсутен. Ова може да ја наруши стабилноста на движењетона возилото, зголемувајќи го ризикот од несреќа“.

Notification_A12_00127_20_en (1)

Ако досега не ве контактирале од страна на продавачот, би требало самите да се јавите и да барате отстранување на проблемот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK