Chrysler 300 не старее – ќе се продава и следната година

ОБЈАВЕНО НА:

Chrysler 300 како да не старее – втората генерација која е претставена во 2010 година ќе продолжи да се продава и следната година.

Овој модел во производство влезе во декември 2010 година и речиси цели 10 години се прозиведува во Бремптон, Канада. И додека сите ја очекуваат новата, трета генерација, FCA потврди дека овој модел ќе се продава најмалку уште една година.

Така, следната година во понудата ќе биде достапен со два пакети на опрема односно верзија 300S и 300 Touring. Мотористиката останува иста како и цената – ќе се нуди со 3,6 литарски и 5,7 литарски бензински мотор, првиот со 292 КС, а вториот со 300 КС.

Минатата година продажбата на овој модел падна за 37%, а оваа се очеквуа да заврши со нешто над 50%. Каков пазарен успех ќе има следната година останува да видиме.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK