Chevrolet го укина моделот кој се произведуваше 62 години

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата од САД одлучи да заврши со производство на автомобилот Chevrolet Impala на 27 февруари, а ова се случува после нешто повеќе од шест децении откако Impala се појави под ова име на пазарот.

Сепак, ова не е првпат Chevrolet да ја укинува Impalu. Првпат тоа се случи во 1985 година, а автомобилот во понудата на производителот од Детроит се појави повторно во деведесетите и тоа во спортскатра верзија, Impala SS.

Следен пат Impala беше лансирана на почетокот на 21 век и се задржа во продажба под ова име до денес. Од Chevrolet соопштија дека укинувањето на овој модел дојде поради намалено интересирање на американските купувачи на лимузини.

Последната генерација на Impala се изработуваше во погонот Detroit-Hamtramck, a General Motors сега вложува 2,2 милијарди долари во таа фабрика за во неа да се склопуваат електричните модели од новата генерација, а меѓу нив ќе биде и новиот GMC Hummer на струја.

Во текот на 2019 година Impala забележа пад во продажбата од 20,5% во однос на претходната година, па на купувачите на северноамериканскиот пазар им биле испорачани 44.978 од овие возила.

Chevrolet засега не планира нов модел под името Impala, но со оглед на тоа што во својата историја веќе неколкупати имаше враќање на сцена кога е во прашање овој автомобил, не се исклучува можноста и во иднина Impalа одново да се најде на патиштата низ САД во некој друг облик.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK