Четири модели на BMW поради иста причина мораат на сервис

ОБЈАВЕНО НА:

Повикување на дополнителен сервис, или како што луѓето милуваат да кажат „ги отповикаат“ е нормална акција што понекогаш ја преземаат производителите. Кога ќе се открие некоја аномалија, дефект или недостаток веднаш се реагира со цел да не дојде до сериозни инциденти. Сега, некои брендови „ги бие глас“ дека нивните автомобили почесто одат на вакви сервис но всушност нема правило. Најважно е да не постои инциденти во кои би имало повредени патниц.

Овој се работи за четири модели на BMW, и тоа сите произведени во периодот од 16. 11. 2019 – 4. 3. 2020 година. Првично пријавата за можниот дефект доаѓа од Германија, а пронајдени се такви возила и во Португалија. Но, секогаш постои можност некои да завршат и на други пазари.

На сервис ќе мора да одат моделите: BMW 3 (2019-2020), BMW X3/X3M (2019-2020), BMW X4/X4M (2019-2020), BMW 8/M8 (2019-2020) сите произведени во периодот од ноември до март.

Причината за повикувањето, односно повлекувањето е што „Кабелот што го поврзува сензорот низ проводникот со бравата односно делот за закопчување на седиштата може да биде премногу краток. Како резултат на тоа, сензорот може да се одвои од бравата, предизвикувајќи неисправно препознавање на бравата на безбедносните ремени, нарушување на функционирањето на системот за врзување и активирање на воздушното перниче, зголемувајќи го ризикот од повреди во случај на несреќа“.

Па ако имате возило што е од овој период, и ако не ве контактирале можете и самите да проверите дали вашиот автомобил е меѓу оние што „се повлечени“.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK