Changan CS55 – уште еден кинески автомобил кој остава без зборови

ОБЈАВЕНО НА:

Кинеските автомобили во последните години оставаат без зборови кога е во прашање дизајнот. Последен доказ за тоа е новата, втора генерација на моделот Changan CS55. Се работи за компактен кросовер кој го произведува Changan Automobile, а кој доаѓа откако во 2017 година беше претставена првата генерација од овој модел.

Официјалната промоција на овој автомобил ќе се случи на 19 април, во рамките на саемот за автомобили во Шангај. Во меѓувреме се појавија и првите фотографии како и технички карактеристики.

Димензиите се за 5 мм поголеми во однос на првата генерација. Така должината изнесува 4.515 мм, висината 1.680 мм, ширината 1.865 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.656 мм.

Во понудата останува единствениот 1,5 литарски турбо бензински мотор кој развива 188 КС. Достапен е со 7 степен DCT менувач. Максималната брзина која може да ја постигне изнесува 190 км/ч, а просечната потрошувачка изнесува 5,9 литри на 100 км.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK