BYD го произведе 100.000 модел Han – вистински конкурент за Европејците –

ОБЈАВЕНО НА:

Некогаш кинеските автомобили беа предмет на потсмев, но денес се креација за почит. Доказ за тоа се одличните дизајни, се подобрите перформанси, но и продажните бројки. Во светот на електрификацијата, кинескиот производител BYD (од кратенката Build Your Dreams) се пофали со одлична бројка на моделот Han.

Луксузниот електричен модел Han кој беше претставен минатата година е веќе произведен во 100.000 примероци, што е секако, бројка за почит, но и завид за многу европски производители.

Овој модел кој се продава на кинескиот пазар наскоро се очекува да ги помине границите на оваа земја и да се најде на пазарите на многу други азијски земји. Секако, тоа претставува голема закана за европските производители чии конкуренти на Han не се толку ценовно конкурентни.

Инаку овој модел се базира на концептот E-SEED GT кој беше претставен на саемот за автомобили во Шангај во 2019 година. Должината на овој автомобил изнесува 4.960 мм што го прави идеален за преференциите на кинеските купувачи. Располага со повеќе верзии, а основната е опремена со 2,0 литарски турбо бензински мотор и плаг-ин хибридна техноологија. Секако, тука се повеќе електрични верзии, а најмоќната од нив располага со 268 КС.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK