Bugatti планира електромобил за 700.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Bugatti веќе неколку месеци најавува влез во светот на електричните автомобили, а според последните информации тоа станува сè поизвесно. Како што пренесуваат медиумите од Велика Британија, производителот на супер автомобили од Франција доби зелено светло од челниците на Volkswagen Group, чиј е член, да направи возило со нулта ниво на емисија на штетни гасови.

Првиот електричен автомобил се очекува да се појави на пазарот во 2023 година, а наводно ќе биде изграден на платформа која ја користи и првиот електричен Porsche – Taycan. Новата лимузина на Bugatti со четири врати би требало да ја добија култната ознака „Royale“ со обемно користење на материјали од јаглеродни влака како би се заштетило на тежина.

Додека Taycan  е долг 4,85 метри, неговиот „брат“ од Франција наводно ќе биде „значително подолг“, веројатно цели пет метри како вистински врвен луксузен автомобил. Што се однесува до изгледот се очекува да позајми доста детали од Chirona, со инспирација на ретро моделите како што е Type 41 кој е правен во 20-тите и 30-тите години на минатиот век.

Нема детали за внатрешноста на  автомобил, но секако е интересно прашањето за тоа што може да се очекува од автомобилот чија цена се очекува да биде најмалку 700.000 евра. Посебно прашање се и перформнсите. Porsche Taycan развива повеќе од 600 коњски сили додека за Bugatti Royale се очекува да има приближно 900 коњски сили благодарение на три електро-мотори и погон на сите четири точки.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK