Bugatti има автомобил вреден 16 милиони евра

ОБЈАВЕНО НА:

Произведувачот од Франција на супер автомобилите, Bugatti би требало на саемот во Женева да изложи автомобил вреден 16 милиони евра. Како што се пренесува од одредени медиуми Bugatti на најпопуларниот саем ќе претстави единствен хиперавтомобил.

Ова возило е порачно од 81-годишниот Фердинанд Пих, кој е поранешен директор на Volkswagen Group, а е внук на Фердинанд Порше.

Споменатиот хипер автомобил ќе го предводи тимот на Bugatti во Женева во рамки на одбележувањето на 110 години од постоењето на компанијата. Автомобилот е базиран на моделот Chiron, а покрај варијантата Divo го одликува единствена каросерија која и ја „напумпала“ вредноста до споменатите 16 милиони евра.

Под хаубата се очекува модифициран 8,0-литарски квад-турбо W16, кој би требало да развива повеќе од 1.500 коњски сили и 1.600 Nm колку што развива стандардната верзија.

Освен овој автомобил, Bugatti во Женева ќе претстави и посебно роденденско издание Chiron Spot 110 Ans Editon.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK