Bugatti го прославува 300-от произведен Chiron

ОБЈАВЕНО НА:

За разлика од Fiat, VW, Opel, Peugeot кои практикуваат големи сериски производства, премиум производителите познато е дека го ограничуваат производството, токму поради својот премиум бренд односно ексклузивноста.

За разлика од овие првите кои произведуваат и по 5 милиони возила од еден модел, производителите како што се Bugatti, Aston Martin, Ferrari произведуваат по стотици примероци од своите модели.

Токму Bugatti прослави јубилеј голем јубилеј – 300 произведени Chiron автомобили. Станува збор за примерок произведен во француската фабрика Мосхајм, а кој е дел од лимитираната бројка од 500 произведени примероци.

Јубилејниот примерок е т.н. Chiron Pur Sport верзија која доаѓа со црна Nocturne боја. Од компанијата соопштуваат дека овој модел ќе биде испорачан на купувач од Швајцарија, а доаѓа со 8 литарски мотор со 16 цилиндри кои продуцира 1.500 КС.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK