Бугарите и коронавирусот: Бесплатна услуга “сервис од врата до врата“

ОБЈАВЕНО НА:

Со воведувањето на кризни или вонредни мерки во државите во Европа и соседството сите се обидуваат колку може да го намалат непотребното движење и собирање во групи. Но, ако имате потреба од сервисрање на возилото или некој резервен дел во Бугарија веќе постои интересна услуга што ја нуди „Авто Унион“. Се однесува до бесплатна услуга „од врата до врата“ на сите оние што имаат потреба од сервисирање на возилата.

И покрај вонредната состојба состојба во Бугарија, сите компании ќе ја продолжат својата работа, обезбедувајќи највисоко ниво на услуга. За сите клиенти на услужните центри на брендовите Abarth, Alfa Romeo, Fiat, Fiat Professional, Maserati, Mazda, Nissan, Opel, дел од портфолиото на Auto Union AD, холдингот обезбедува бесплатна услуга од врата до врата со дополнителна можност за користење на заменски автомобил за плаќање од 15 евра без ДДВ на ден.

Исто така, сите клиенти ќе можат да ги направат нарачките за резервни делови кај компаниите за достава преку курирска служба. За оние кои сакаат да купат автомобил, компаниите исто така нудат директна достава до одредена адреса од страна на клиентот.

Преземени се строги мерки за дезинфекција за да се обезбеди максимална безбедност за сите посетители на изложбените салони. Сите возила што поминале низ сервисните центри, како и тест возила се дезинфицирани а со цел да се обезбеди максимална оддалеченост продажбата е достапна како порано, и преку Интернет

Македонските импортери веќе објавија како функционираат во новите услови. Дел имаат скратено работно време, сервисите работат со претходно закажување, се врши целосна дезинфекција на возилата што влегуваат и излегуваат од сервис. Некои ги суспендираа тест возењата, а сите ги имаат подигнато нивоата на превенција и заштита на вработените и клиентите.

Како во време на „коронавирус“: Кои автосалони и овластени сервиси работат – какви услуги нудат

 

Порше Македонија, Аутомакедонија и Миркат ги суспендираа тест возењата – сервисите работат нормално

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK