Bristol Cars повторно оживува – наскоро со нов модел

ОБЈАВЕНО НА:

Малкумина се сеќаваат на Bristol Cars, британски рпоизводител на рачно изработени луксузни возила. Основан е во далечната 1945 година во Бристол, а на 5 март 2020 година компанијата и официјално банкротираше откако не успеа да ги наплати доспеаните обврски.

Сега, оваа компанија повторно се враќа на автомобилската сцена и тоа со многу поголеми амбиции. Целта е значајно да се зголеми произвдоството и присутноста на оваа компанија отколку она што беше во последните 20 години. Најголема заслуга за ова има бизнисменот Џејсон Вартон кој ги откупи сите интелектуални права поврзани со Bristol Cars.

Тој ја најави и модернизираната верзија на моделите Fighter и 411 Grand Tourer. Двата модели ќе располагаат со 6,4 литарскиот V8 мотор развиен од страна на Fiat Chrysler Automobiles. Првиот новитет ќе биде претставен кон крајот на оваа година, а целосно новиот модел Buccaneer се очекува да биде претставен за 3-4 години.

Дополнително, најавено е формирање и нов центар во Филтон, во кој ќе се нуди услуга за реставрација на стари Bristol автомобили.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK