Браник и фелни за само…19.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Сите сакаме одлично средени автомобили кои ќе предизвикуваат воздишки на улиците. Често менуваме фелни, зтемнуваме стакла, ставаме маски на издувните отвори, спојлери, браници….

Во насока на тоа тјунинг компанијата Overfinch излезе со повеќе од само обична понуда – браник, фелни и додаток за издувниот отвор за само 19 илјади евра.

Да, за “само” толку ќе добиете специјално дизајнирани 22 инчни фелни во црна боја, агресивен преден и заден браник и дифузер, но ќе може нив да ги користите само ако поседувате Range Rover Velar.

Наведените додатоци се изработени од пластика наречена Technical Composite, а доколку сакате да добиете и гуми тогаш износот на целиот пакет достигнува цена од околу 25 илјади евра.

На вас останува дилемата дали да земете ваков пакет или за овие пари да купите целосно нов BMW Серија 1 автомобил.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK