Bosch се согласи да ја плати казната од 90 милиони евра

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот гигант Bosch кој воедно е и еден од најголемите добавувачите во автомобилската индустрија се согласи да плати казна од 90 милиони евра.

Обвинителството во Германија уште кон крајот на минатата година соопшти дека технологијата на оваа компанија овозможила на производителите да користат софтвер за манипулирање со моторот кој потоа на тестовите покажувале пониско ниво на загадување.

Според резултатите од истрагата, Bosch во изминатите години успеала да испорача речиси 17 милиони вакви уреди, најголем дел за германските производители.

Поради ова од обвинителството и Bosch постигнаа договор според кој Bosch ќе плати казна од 90 милиони евра, а со самото тоа ќе биде прекината понатамошната истрага во оваа компанија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK