Bosch продаде дел од акциите во Nikola

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот технолошки гигант Bosch продаде дел од акциите кои ги поседуваше во американската старт-ап иновативна компанија Nikola.

Со овој потег, Bosch сега поседува само 4,9% од вкупниот број на акции, за разлика од претходно кога поседуваше 6,4%.

Bosch стапи во партнерски односи со Nikola уште во 2017 година, а беше договорен заеднички развој, изградба, производство, тестирање и поддршка на различни компоненти и прототипови, вклучувајќи системи за горивни ќелии.

Од германската компанија наведуваат дека намалувањето на сопствеништвото било неопходно со цел да се пресретнат правните регулативи во САД.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK