Bosch и Mercedes-Benz најавија: -Нема повеќе стрес при паркирање во гаражите!

ОБЈАВЕНО НА:

Паркирањето на автомобилите во гаража наскоро ќе стане автоматско и ќе биде без возач. Ова сценарио наскоро ќе стане реалност поради заедничката соработка меѓу Bosch, Mercedes-Benz и операторот на паркинзите Арсо, кои сакаат во иднина автомобилите да се паркираат без возачи и целосно автоматски.

За оваа цел автоматизираното паркирање (AVP), развиено од Bosch и Mercedes-Benz, треба да биде воведено во сериско производство. Новиот Mercedes-Benz S-Class е првиот сериски автомобил во светот со неопходна технологија на бордот за идна експлотациска AVP експлоатација. На тој начин новиот S-Class е подготвен да отиде до зачуаното место без возач со команди од смартфон.

Гаражата за паркирање за планираната сериска експлоатација на автоматизирана услуга за паркиера е Р6 на аеродромот во Штутгарт. Целта на тест операцијата е да се тестира непречената интеракција на автомобилот, инфрастуктурната технологија и операторот на паркинг гаражата и да се адаптира оптимално кон клиентот.

Како работи сето тоа? Просторот за оставање на автомобилот и потоа за чување ќе се наоѓа веднаш зад влезот на паркингот Р6. Корисниците на AVP можат да ги паркираат своите превозни средства тука во иднина и потоа ќе можат да отидат до терминалот и да се регистрираат за летот. Нивната S-Class ќе се паркира самостојно врз основа на инфомацијата од инсфрастуктурната технологија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK