BMW во карантин – вработен заболен од коронавирус

ОБЈАВЕНО НА:

BMW е во паника – медицинските служби во Баварија потврдија дека нивни вработен е позитивен на коронавирусот.

Со цел да не дојде до ескалација, германскиот производител донесе одлука околу 150 вработени да одат на принуден, 14 дневен одмор, но истовремено да направат и тестотви за коронавирусот.

Вработениот не патувал во странство што значи се заразил во Германија. Каде и кога точно не е познато, но од BMW соопштуваат дека неговата здравствена состојба е добра.

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан во понеделникот изјави дека издал налог да се одложат сите поголеми настани во земјата како навремено дејствување против овој вирус. Во Германија, според Роберт Кох, од Институтот за заболувања, во земјата се регистрирани 157 заболени.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK