BMW се пофали за добрата продажба во септември

ОБЈАВЕНО НА:

BMW Групацијата се пофали за одличните продажни перформанси во септември годинава кога продажбата се зголеми за 4,6% споредбено со истиот месец претходната година.

Сите три брендови на оваа групација забележаа пораст на продажбата. BMW ја зголеми за 4,8% во септември продавајќи 210.427 автомобили. Најголема продажба генерираа BMW X3 и BMW X4.

Mini оствари продажба од 37.786 автомобили во септември што е пораст од 2,9% додека Rolls-Royce со продадени 3.777 автомобили оствари зголемување од 42%.

Во првите девет месеци оваа групација оствари продажба од 1.866.198 автомобили што е за 1,7% повеќе во споредба со истиот период минатата година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK