BMW повлекува 1,6 милиони возила поради опасност од пожар

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител BMW е под голем предизвик. Поради истекување на разладната течност, од производителот објавија дека во наредниот период ќе повлечат околу 1,6 милиони возила поради можност од пожар.

Од BMW допрецизираат дека ризикот од пожар е поврзан само со одредени дизел автомобили каде разладната течност може да истече од модулот за рециклирање на издувни гасови, а оттука оваа течност би можело да дојде до жешките компоненти на системот и при тоа да се запали.

Германската компанија претходно повлече речиси половина милион возила од пазарите во Европа и Азија поради истрагата спроведена во Јужна Кореа каде тамошните власти открија дека во автомобил на BMW избувнал пожар.

Цел на повлекување ќе бидат дизелски изведби произведени помеѓу 2010 и 2017 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK