BMW потврди – еве што се ќе има на штандот во Франкфурт

ОБЈАВЕНО НА:

На неколку денови пред почетокот на саемот за автомобили во Франкфурт, BMW откри што се ќе има изложено на нивниот штанд. Централно место ќе заземе новата М8 која доаѓа со 600 КС и 750 Nm обртни моменти, а тука ќе биде и Gran Coupe изведбата на серија 8.

Официјално е потврдено дека на штандот ќе биде и BMW X6. При тоа овој модел ќе биде претставен во најтемната црна боја воопшто создадена. Исто така место ќе заземе и концептот Vision M Next.

Покрај овие модели, ќе бидат претставени и останатите од актуелната понуда, а не се исклучува и можноста да биде претставена и EV изведба од некои од актуелните модели.

Засега е нејасно и дали премиера ќе има новиот М3.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK