BMW објави нов тизер – се ближи премиерата на X7

ОБЈАВЕНО НА:

Во пресрет на светската премиера на моделот X7 закажана за во Лос Анџелес следниот месец, германскиот производител BMW објави нова тизер фотографија.

Иако од фотографијата не може да се открие многу за екстериерот, а при тоа нема многу информации околу техничките карактеристики, останува да се шпекулира со истите податоци кои беа објавени пред нешто повеќе од еден месец.

Така, овој SUV е развиен на платформата на серијата 7 на BMW, а во однос на моторите, опремен е со 3.0 литарски шест цилиндарски турбо мотор со 340 КС. Тука е и помоќниот 4,4 литарски Twin Turbo V8 мотор со 462 КС, а се шпекулира дека во понудата ќе се најде и V8 моторот со 530 КС. На саемската премиера во Франкфурт, овој тогаш концепт модел беше претставен со plug-in хибриден погон што значи за очекување е и дополнителен електромотор со литиумско-јонска батерија.

Во однос на останатите технички карактеристики, овој нов модел ќе има погон на сите четири тркала, а ќе биде опремен и со осумстепенски автоматски менувач. Опремен ќе биде и со LED предни светсла со ласерска технологија како и панорамски кров кој ќе биде дел од дополнителната понуда.

Премиерата на продукциската изведба доаѓа по премиерата на концептот во септември минатата година на саемот за автомобили во Фанкфурт. Уште тогаш X7 беше претставен како конкурент на GLS моделот на Mercedes, а останува да се види дали оваа улога на крајот овој модел во целост ќе ја оправда.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK