BMW ќе гради нова фабрика во Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Во соопштение за јавноста германскиот производител BMW соопшти дека ќе гради нова фабрика во Германија во која ќе се произведуваат електрични автомобили.

Станува збор за фабрика која ќе биде лоцирана во близина на Минхен, а во која ќе се произведуваат електричните изведби на серија 5 и серија 7.

Дополнително, ќе бидат инвестирани и 400 милиони евра во фабриките за производство на електромотори во Велика Британија и Австрија. Во соопштение се наведува дека по 2022 година во сите фабрики на BMW во Германија ќе се произведуваат само електрични возила.

Оттука, производството на останатите конвенционални возила ќе се извршува во останатите европски фабрики на BMW меѓу кои и онаа во Дебрецин, Унгарија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK