BMW ќе ги обедини силите со други европски брендови

ОБЈАВЕНО НА:

Производителот на автомобили од Германија, BMW почна иницијатива за создавање на единствена платформа на облак (cloud ) за споделување на податоци со доставувачи на компоненти.

Со помош на таквата платформа компаниите ќе можат брзо да го регистрираат недостатокот на компоненти, што ќе им помогне да избегнат прекини во производството, каков што е регистриран на почетокот на 2020 година поради општата блокада.

Платформата ќе биде создадена со помош на европската облак услуга GАIА-X односно без учество на американските и кинеските доставувачи, кои контролираат лавовски дел на пазарот на облачни услуги. Користејќи ја платформата, BMW има намера да разменува податоци низ целиот ланец – од добивањето на суровини до производство на готов автомобил.

Како дополнување кон размената на податоци во областите како управувањето на квалитет, логистика, поддршка и управување на синџирот за доставување, BMW поставува акцент на одржливоста и етичките стандарди при добивањето на суровини. Автомобилската компанија од Германија планира да ги намали штетните емисии на СО2 во сопственото производство за 80% и во синџирот на снабдување со 20% до 2030 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK