BMW, Jaguar Land Rover и Porsche се обединуваат

ОБЈАВЕНО НА:

Компаниите BMW, Jaguar Land Rover и Porsche ги обидуваат своите сили во областа на сервисните услуги за време на патувањето, а ќе вложат сериозна сума во американската компанија Urgent.ly. Таа нуди помош на пат, а користи модерна дигитална платформа, која е целосно во сопствена изработка.

Urgent.ly е основана во 2013 година и претставува комплекс на услуги за специјална помош на патиштата во САД, Европа и Азија. Системот ја одредува местоположбата на автомобилот кој доживеал хаварија со помош на геолокација и го информира најблискиот сервис, кој располага со потребната опрема за отстранување на дефектот.

Целата операција од пресметување на времето за пристигање на помошта до системот за проценка на штетите на возилото се извршува со помош на еден дигитален комплекс.

Во случајот на помошните фондови, Jaguar Land Rover InMotion Ventures, BMW I Ventures и Porsche Ventures имаат инвестирано 21 милион америкаснки долари во Urgent.ly. Притоа BMW планира да вклучи во системот и сопствена служба за помош на патот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK