BMW го испраќа моделот серија 3 Gran Tourismo во историјата

ОБЈАВЕНО НА:

По само шест години Gran Turismo изведбата на BMW Серија 3 заминува во историјата, потврдуваат од страна на германскиот производител.

Иако во 2013 година беше најавен како иновација во многу погледи, овој модел во споредба со останатите, но и очекувањата беше вистинско разочарување неуспевајќи да ја импресионира целната група составена од повозрасни лица.

Токму како дел од глобалниот план за заштеда на 12 милијарди евра до 2022 година овој автомобил се најде на листата за прекинување на производството, а при тоа нема да добие ниту наследник.

Оваа одлука ја соопшти првиот човек на BMW, Харалд Кругер во рамките на презентацијата на финансиските перформанси во седиштето на BMW. При тоа тој воопшто не ги спомна останатите GT изведби, па оттука се смета дека тие ќе проживеат уште одреден период.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK