BMW е најголем извозник на автомобили од САД

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител BMW е најголем извозник на автомобили од САД. Ова е одлично признание за BMW кој успеа на американскиот пазар да ги победи Jeep, Ford, General Motors…

Овој епитет германскиот производител го добив во однос на вкупната парична вредност на извозените автомобили. Така изминатата година од САД, BMW извезе 218.820 нови автомобили чија вредност изнесува 8,9 милијарди американски долари.

За да ја постигне оваа вредност, BMW од САД минатата година извезе автомобили во 125 земји ширум светот, а најголем дел од нив т.е. 23,2 биле наменети за Кина, а 12,9% за Германија. “BMW е горд што допринесува во американскиот трговски биланс” изјави кратко Кнуд Флор, директор на фабриката во Спартанбург.

Во САД, во моментов BMW произведува пет модели и тоа: X3, X4, X5, X6 и X7. На нивно производство работат нешто над 11 илјади работници во фабриката во Спартанбург, Јужна Каролина.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK