За падот на продажбата на автомобили во Франција виновни се “жолтите елеци”

ОБЈАВЕНО НА:

Пад од 15% на продажбата на нови автомобили е забележан во Франција за минатиот месец декември.

Ова претставува најголем процентуален пад на продажбата на нови автомобили во Франција во последните години. За тоа француските медиуми наведуваат неколку причини, а покрај новите дизел регулативи, најголемо влијание имале протестите на т.н. Жолти елеци кои цел декември протестираа низ најголемиот дел од француските градови.

Токму поради тоа што беа уништени бројни автомобили како и нестабилноста и нејасната иднина беа главниот виновник за падот на продажбата.

Пад е забележан речиси кај сите производители. Така Alfa Romeo оствари пат од 51%, Audi од 39%, BMW 31% и Mercedes-Benz од 22%. Пад е забележан и кај PSA Групацијата и покрај позитивниот резултат на Citroen. Овој француски мултинационален производител оствари негативен раст од 1.9%. Другиот најголем француски производител Renault Групацијата исто така забележа огромен пад од 22%.

Според француските аналитичари, пад се очекува и во јануари како и февруари, а се очекува во март да се стабилизира пазарот на нови автомобили, месец кога традиционално години наназад се бележат одлични продажни перформанси.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK