За една година Tesla произведе 70 илјади примероци од моделот 3

ОБЈАВЕНО НА:

За една година од почетокот на производството кое започна во јули минатата година, американскиот производител успеа да произведе 70.000 примероци од моделот 3.

Производството кое беше проследено со бројни задоцнување, крупни корекции и измена во плановите, на крајот ги задоволи очекувањата на Tesla од каде брифираат дека заклучно 18 август годинава се произведени точно 70.009 примероци од овој модел.

Во последната недела се произведени 5.321 автомобил што е за нешто помалку од претходната недела, а до крајот на овој месец, неделното производство се очекува да ја достигне бројката од 6 илјади возила.

Во моментов, во третиот квартал годинава се произведени 30 илјади примероци од моделот 3, а со оглед на тоа што до крајот на овој квартал преостануваат уште шест недели, се очекува оваа бројка двојно да се зголеми со што вкупното производство ќе ја надмине бројката од 100 илјади произведени примероци од моделот 3. Гледано во оваа деловна година, од јануари па се до 18 август произведени се вкупно 41.029 примероци.

Овие производствени бројки се проследени со континуиран пораст на продажбата на овој модел, особено во САД каде го зазема првото место во соодветниот пазарен сегмент.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK