Volkswagen отвора три нови фабрики

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот германски производител и еден од најголемите во светот, Volkswagen објави дека во наредниот период ќе отвори три нови фабрики. Верувале или не, но сите три фабрики ќе бидат лоцирани во Кина и истите ќе бидат заедничко вложување со кинеската FAW групација.

Првите две фабрики ќе бидат отворени во Тијанџин и Фошан во јули и август годинава, додека деновиве свечено беше отворена нова фабрика во Чингдао. Во овие фабрики покрај модели на Volkswagen брендот ќе бидат произведувани и модели од брендот на Skoda, а се шпекулира дека истите фабрики ќе послужат и за влезот на Seat на овој пазар.

Овој потег на VW беше сосема очекуван откако во последните неколку години побарувачката за автомобили од Volkswagen групацијата се драстично зголемени. Исто така оваа одлука произлегува од стратешкиот план за доминација на кинескиот пазар кој во моментов бележи најголем пораст, а воедно е и најпрофитабилен.

Само за илустрација, во првиот квартал годинава, Volkswagen продаде околу 1.1 милион возила. Во наредниот период на овој пазар Volkswagen групацијата ќе лансира неколку нови SUV модели чија цел ќе биде драстично зголемување на пазарното учество.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK