Volkswagen е најпосакуван автомобилски работодавец во Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Да се работи во компанија која е на врвот, и најпосакувана за секој вработен секако е престиж. Автомобилската индустрија секогаш е меѓу оние гранки каде условите и финансиите се подобри од други гранки. Во Германија според истражувањето на порталот за вработување Glassdoor во Топ-10 се наоѓаа дури три автомобилски компании.

Glassdoor се заснова на доброволни и анонимни повратни информации од вработените во изминатите дванаесет месеци: Тие можат да достават преглед на работодавачот и да ја оценат својата работа, работната средина и нивните работодавци.

Наградите Glassdoor за задоволство на вработените беа доделени во пет земји: Германија, САД, Велика Британија, Франција и Канада. Пласманот на победниците се заснова на просечниот вкупен рејтинг на работодавачот во текот на изминатата година (оценки на скала од 5 бода: 1,0 = многу незадоволен; 3,0 = добро; 5,0 = многу задоволен).

Топ-10 најдобри работодавци во Германија за 2021 година се:

Roche (4.5)
Google (4.5
Puma (4.5)
MHP (4.4)
Siemens Healthineers (4.4)
Volkswagen (4.4)
SAP (4.4)
Capgemini (4.4)
Porsche (4.3)
BMW (4.3)

Годинашен победник меѓу германските производители на автомобили е Volkswagen. Компанијата со седиште во Волфсбург ги менува местата со Daimler, кој минатата година беше на 6-то место и оваа година само на 22-то место. Понатаму губитници се Porsche (9-то место), кој мораше да се откаже од првото место, а Audi, како што беше минатата година, не е меѓу првите 25 работодавци во Германија. Од друга страна, BMW годинава се искачи за две места, на десеттото место.

Најдобрите работодавци во Германија за 2021 година ги одредува Glassdoor користејќи алгоритам за сопствените награди. Квалитетот, квантитетот и конзистентноста на активираните прегледи на компаниите што биле доставени од вработените во Германија се земени во предвид. Сите оценки биле поднесени во периодот од 22 октомври 2019 година до 19 октомври 2020 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK