Volkswagen до 9 април го прекинува производството во Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Производството во сите германски фабрики на Volkswagen ќе биде сопрено за уште четири денови, а сега новиот датум на тоа продолжување е до 9 април. Оваа одлука е донесена особено како резултат на континуираниот пад на побарувачката за возила и предизвиците со кои се соочува синџирот на снабдување.

Со одлуката се зафатените фабриките во Дрезден, Емден, Оснабрик, Волфсбург и Цвикау, како и фабриката за комерцијални возила во Хановер, погоните за компоненти во Брунсвик, Касел, Салзгитер, Чемниц и Хановер и германските погони на SITECH. Во исто време, компанијата интензивно се подготвува за продолжување на производството. Во овој контекст, заштитата на вработените повторно ќе биде значително зајакната.

„Здравјето на нашите вработени има најголем приоритет. Ќе с осигураме дека тие можат да се вратат на безбедно работно место кога ќе продолжи производството и логистичките активности. Во овој контекст, ние го вклучуваме и нашето искуство во Кина каде скоро сите наши погони сега го продолжија производството и пазарот се чини дека постепено се враќа во нормала. Досега, не се случи ниту еден случај на корона кај нашите вработени во Кина, вели Андреас Тостман, член на Управниот одбор на VW..

Следете не и на:

24AUTO NETWORK