Трамп со закана: Ако сакате да продавате во САД, морате тука да произведувате

ОБЈАВЕНО НА:

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со воведување царини за увоз на автомобилите на големите европските автопроизводители, како BMW и Mercedes, доколку не отворат свои погони во САД.

“Тие го имаат BMW, го имаат Mercedes. Имаат многу добри возила кои влегуваат (во САД). Сакам да ги произведуваат овде. Ако сакате да ги продавате (автомобилите) на Американци, произведувајте ги овде, им порача Трамп на европските автомобилски компании во интервју за „Фокс Бизнис Нетворк“.

Тој нагласи и дека ги одбил предлозите на Европската Унија, кои предвидувале царините за автомобилите на двете страни „да бидат сведени на нула“.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK