Тoyota повика на сервис 1,1 милион возила – имаат неисправна пумпа за гориво

ОБЈАВЕНО НА:

Кога произведуваш многу сигурно е дека некогаш поради сопствена грешка или слаб квалитет на добавувачите може да се појави проблем на некои возила. Тоа не ги одминува ни најдобрите и оние што долго време важат за доверливи производители и квалитетни возила.

Toyota објави нова сервисна акција во која треба да се проверат 1,1 милион возила каде е можно да има неисправна пумпа за гориво. Јапонскиот производител веќе повлече 700.000 возила на дополнителен сервис, а сега вкупниот број ќе се искачи на 1,8 милиони автомобили.

Според Toyota потенцијалниот дефект на пумпата за гориво може да предизвика запирање на дотокот на бензин во моторот, а потоа возилото да запре. Дијагностиката и поправката ќе бидат бесплатни, а во автомобилот, каде што ќе се појави овој проблем ќе добијат пумпи од понов модел.

Акцијата се однесува за Toyota FJ Cruiser 2014, Runner 2014, Sienna 2017-2019 и Avalon, Camry, Corolla, Highlander, Sequoia, Tacoma и Tundra произведени во 2018 – 2019. Сервис треба да посетат и сопствениците на Lexus LS 460 од 2013-2015, GS 350 од 2013-2014, IS-F од 2014 година, GX 460, IS 350 и LX 570 од 2014-2015, NX 200t, PC 350 од 2015, IS 200t и PC 200t од 2017 година, RX 350 од 2017-2019 и GS 300 2018.

Засегнати се и новите модели на луксузната марка како што е Lexus ЕS 350, GS 350, IS 300, IS 350, LС 500, LС 500h, LS 500, LS 500h, RС 300, RС 350, RX 350L произведени во периодот помеѓу 2018 и 2019 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK