Skoda продава како никогаш досега

ОБЈАВЕНО НА:

Skoda објави дека со продажба на 112.900 возила во септември (+ 5.4%), брендот поставил најдобро месечно достигнување во целата своја 122 годишна историја. Компанијата одбележува и 22 последователни месечни рекроди и подобрувања. Раст во продажбата има регистриран во Европа со 8,9%, во Русија со 20,1% и во Индија со 37%. Бројките може и да бидат подобри откако новиот Karoq ќе биде достапен на првите сопственици и тоа веќе во октомври.

Во септември, Skoda забележа раст во продажбата во Западна Европа со 5,8% до 48.500 единици, како на основниот пазар во Европа, Германија каде биле реализирани 17.700 единици (+ 8,8%). Компанијата имала и одлични пазарно претставување во Франција (3.000, + 27,6%), Италија (2.100 + 23,6%), Холандија (1.700, + 20,3%), Австрија (2.400; 33,4%).

Во Централна и Источна Европа, Skoda регистрира подобрувања од 8,1% и 40,8 %. Најпродавано возило на Skoda во септември повторно е Octavia (37.400), а потоа се подредуваат Fаbia (19.100), Rapid (19.000), Kodiaq (13.300), Superb (13.900) , Yeti (6.300) и Citigo (3.900).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK