Сите DS модели од 2025 година ќе бидат електрифицирани

ОБЈАВЕНО НА:

Иако намерата на PSA Групацијата за издвојување на DS брендот како премиум бренд на електрични автомобили од претходно беше позната, сепак сега следи и официјална потврда. Од DS и официјално потврдија дека од 2025 година овој бренд кој излезе од Citroen, во својата понуда ќе има само електрични автомобили. Со оваа одлука од PSA сакаат активно да се вклучат во конкуренцијата на електричните автомобили.

Инаку на претстојниот саем во Пекинг компанијата го објави првиот хибриден автомобил. Станува збор за DS7 Crossover со 300 КС и 480 км домет, а според пишувањата, во наредната година ќе се појави и во продажба. На саемот во Париз кој е закажан за октомври годинава, DS премиерно ќе претстави уште еден хибриден концепт, а ова всушност е само најава на реализацијата на стратегијата на PSA со која планира да добие поголем дел од пазарниот удел во EV сегментот.

Инаку претходно BMW објави дека до средината на следната деценија ќе лансираат повеќе од 10 електрични автомобили, а минатиот месец и Volvo ја потврди својата определба во креирањето на целосно електрична гама до 2022 година. Засега, од големите авто поризводители само Renault-Nissan-Mitsubishi алијансата и FCA групацијата ја немаат најавено “електричната иднина”, но следејќи го трендот се очекува истото тоа да го сторат во наредниот период, барем доколку сакаат да останат во чекор со останатите конкуренти.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK