Се продава како алва: Над 100.000 нарачки за Opel Crossland X

ОБЈАВЕНО НА:

Crossland X е првиот заеднички проект на PSA Групацијата и Opel, чија соработка почна 2012 година. Автомобилот ја споделува архитектурата со Citroën C3 Aircross и двете возила се произведуваат во фабриката во Сарагоса во Шпанија.

Само една година од отворањето на книгата за нарачки и веќе е бестселер, со 100.000 купувачи ширум Европа кои го одбраа Opel Crossland X. Екстремно свежиот надворешен изглед, навистина простран и дополнително променливата внатрешност, со тренди каросерија во две бои и лежерен изглед на СУВ, Crossland X е полн погодок на пазарот во СУВ – Б сегментот.

Crossland X е опремен со најсовремениот систем за помош на возачот, како што се Driver Drowsiness Alert and Lane Departure Warning (Аларм за поспаност на возачот и предупредување за напуштање на сообраќајната лента), Forward Collision Alert with pedestrian detection and Automatic Emergency Braking (предупредување за можен судар на предната страна со опција за детекција на пешаци и Автоматско итно сопирање), висококвалитетни целосни ЛЕД светла, 180-степени панорамска камера на задната страна и предупредување за страничната слепа точка.

Автомобилот е опремен со ефикасни дизелски, бензински и ЛПГ мотори од 1,2 до 1,6 литри зафатнина, од 55kW/75 КС до 96kW/130КС, комбинирани со избор на пет или шест степенски менувачи или автоматски пренос со шест брзини (oфицијалната потрошувачка на гориво согласно НЕДЦ протокол, на пат 8,41 – 4,11 л/100км, во град 6,01 – 3,31 л/100км, комбинирано 6,91 – 3,61 л/100км, и официјално специфично комбинирани CO2 емисии 123 – 931 г/км; класа на потрошувачка C-A+).

Crossland X е третиот член на Opel X – семејството на тренди СУВ, покрај робустната Mokka X и Grandland X од повисоката компакт класа. Х – семејството ужива сѐ поголема популарност. Во Германија, на пример, триото е на првото место во статистиката за првите два месеца од годинава, објавена од Федералната власт за моторен транспорт (Federal Motor Transport Authority – KBA)

Следете не и на:

24AUTO NETWORK