Renault, Mercedes и VW ќе „поправат“ софтвери на 600.000 возила

ОБЈАВЕНО НА:

По примерот на договорот меѓу авто производителите во Германија и тамошната влада, сега и во Австрија е постигнат сличен договор со кој околу 600.000 возила од марките VW, Mercedes и Renault. Ова го потврди министерот за транспорт на Австрија, Јорг Лајхтфред.

Исто така договорот предвидува и добивање на дополнителен бонус за оние што ќе решат да купат еколошки поприфатливо возило. Потенцијалните купувачи на електрични возила може да очекуваат финансика подршка до 10.000 евра по возило.

Volkswagen, Mercedes, Renault и можно е дури и BMW ќе ги поправат софтверите, а другите само ќе учествуваат во програмата за подршка. Колкава ќе биде подршката ќе зависи од тоа колку е старо возилото и какво возило ќе се купи, и за тоа ќе решат производителите.
На состанокто со министерот за Транспорт биле претставници на Mercedes-Benz, BMW, Kia, Ford, Renault, Porsche, Volkswagen, Audi, Seat, Skoda, Hyundai, Mitsubishi Motors и Opel.

Во почетокот на месецов германските власти и производителите се согласија за поправка на 5,3 милиони софтвери во возилата за да се отстранат сите досегашни проблеми со емисијата на штетни гасови. Според прогнозите, промените кај софтверот и салата мерка за купување нови возила може да донесе намалување на емисијата на азотни оксиди за 25 до 30 отсто.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK