PSA во проблеми, се повеќе квалитетни работници го напуштаат Opel

ОБЈАВЕНО НА:

PSA Групацијата се соочува со голем проблем во опеловата дивизија. Откако пред неколку месеци беше објавена стратегијата за намалување на трошоците согласно која требаше да се намали бројот на вработени, PSA Групацијата се одлучи приврмено да го стопира имплементирањето на оваа стратегија. Причината за оваа одлука на еден од најголемите европски прозиводители е тоа што од компанијата веќе си заминале неколку висококвалификувани вработени, а барање за заминување поднеле уште неколку врвни инжинери.

Така во изминатиов период од Opel си замина главниот инжинер Егорд Томачки кој премина во BMW, а уште неколку клучни инжинери заминаа во Jaguar, BMW, Continental и VW. Ова го вклучи алармот во PSA Групацијата па веднаш е сопрена програмата за доброволно заминување.

Инаку во рамките на програмата за намалување на вработените и доброволно заминување, 2.000 работници одлучиле да ја прифатат понудата за надоместок од Opel и да ја напуштат компанијата со што останува да се скратат уште 1.700 работни места. Оваа информација ја потврди и Волфганг Клуг. “Околу 2.000 работниците веќе прифатија да си заминат, а ние имаме понуда за уште 2.000” изјави Клуг на прес конференцијата пред неколку недели.

Сепак, дали оваа стратегија во целост ќе биде сопрена или сепак ќе биде рестартирана познато ќе биде на крајот на месецот кога ќе се состанат првите луѓе на PSA Групацијата.