Првата затворска казна за Дизелгејт

ОБЈАВЕНО НА:

Во САД падна и првата пресуда со затворска казна за вработен на Volkswagen поради вмешаност во скандалот Дизелгејт. Судијата на окружниот суд на САД Шон Кокс на поранешниот инженер во Volkswagen Џејмс Лианг го осуди на 40 месеци затвор. Обвинетиот, кој има 63 години, ќе мора да плати и казна од 200 илјади долари за вмешаност во измамите со емисиите на дизел возилата во САД.

Според законските правила, на Лианг му следувала казна до 5 години затвор поради заговор, но олеснителна околност била неговата соработката со обвинителството во текот на истрагата. Всушност според обвинителите, Лианг обезбедил инсајдерска перспектива за компанијата која го изгубила својот етички кодекс во трката за поголем пазарен удел и корпоративни профити“.

Сепак, судијата Кокс го прекори Лианг дека извршил сериозно криминално дело кое вклучува масовна измама на американскиот потрошувач, а за што обвинетиот имал сознанија и бил вклучен во измамата. Од тие причини, Лианг доби подолга затворска казна од онаа што обвинителството ја бараше.

Судијата се надева дека пресудата ќе испрати порака до останатите чинители во автоиндустријата, особено до оние од кои може да биде побарано да сторат нелегални дела за бенефит на работодавецот.

Во декември се очекува и пресуда за поранешниот шзвршен директор Оливер Шмид, кој се соочува со можни 7 години во затвор и парична казна од 400 илјади долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK