Opel се засилува со Балканец за да ја покори Русија

ОБЈАВЕНО НА:

Opel сака постепено да го зголеми своето присуство во Русија во наредните години, што ќе вклучи и поголема понуда на производи, а подетални информации ќе бидат достапни во наредниот период. Opel во почетокот ќе понуди три модели кај избрани дилери во Русија – Grandland X од Ајзенах и новата Zafira Life и Vivaro од руско производство. Возилата на моноволуменското превозно средство и транспортерот за локалниот пазар ќе излезат од производните линии на фабриката на PSA групацијата во Калуга.

Но, покрај со модели, нови дилерски места Opel реши и во менаџерскиот тим да има нови луѓе. Еден од засилувањата на тимот на Opel во Русија ќе биде Драган Ненадовиќ, поранешен директор на Opel за Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија и Бугарија. Во периодот од 2005 до 2008 година, Ненадовиќ веќе беше дел од менаџерскиот тим на Opel во Москва.

Широката извозна офанзива е еден од столбовите на стратешкиот план PACE! план на Opel/Vauxhall, кој ќе и помогне на компанијата да стане профитабилна. Одлуката за повторно влегување на рускиот пазар – стратешки пазар за глобален производител на автомобили – е дел од овој план, кој има за цел да го развие брендот и во Европа и во светот.

Целта е да се генерира 10 отсто од продажбата на Opel надвор од Европа до средината на 2020 година. Со цел да се постигне ова, брендот дополнително ќе го зајакне своето присуство на извозните пазари во Азија, Африка и Јужна Америка, каде што веќе е присутна и ќе влезе на повеќе од 20 нови пазари до 2022 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK