Огромен интерес: За Alpine A110 се чека повеќе од една година

ОБЈАВЕНО НА:

Неочекувано големата побарувачка за Alpine A110 предизвика сериозен проблем за францускиот производител. Како што соопштуваат оттаму, по дебито на овој спортски автомобил, зголемениот интерес предизвика прерано пополнување на производствените капацитети поради што идните сопственици за овој модел ќе чекаат и повеќе од една година.

Првично планираните 1.955 примероци беа распродадени за помалку од пет дена, а од март од кога е започнато примањето на нарачки до сега се примени нешто над 5.000 нарачки, поради што Alpine мораше да прави реорганизација и дополнителни инвестиции во производството.

Со новата инвестиција, дневното производство е зголемено од 15 на 20 автомобили, но и со ова зголемување, францускиот бренд кој функционира во рамките на Renault и натаму ќе има проблем околу навремено испорачување на автомобилите.

Овој модел своето деби како концептно возило го имаше минатата година во Женева, додека оваа година на истиот саем беше премиерно претставена и продукциската изведба која носи 1.8 литарски четири цилиндричен мотор кој произведува 185 KW и 320 Nm.

Ако сте решиле да го купите ќе треба да бидете трпеливи, или да имате врски да ве бутнат некако преку ред.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK